Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Во Скопје претпладне ќе има сончеви периоди, додека попладне во делови од котлината е можна појава на краткотраен пороен дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 34 степени. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време, а нова нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува повторно во недела.

The post Денеска до 34 степени, можни се попладневни дождови appeared first on Скопско ЕХО.