Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе достигне до 37 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи, грмежи и засилен ветер.
До петок времето ќе остане променливо и нестабилно под влијание на влажни воздушни маси. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а локално и краткотрајно невреме со силен ветер и град. Поради продор на постудена воздушна маса од север, од крајот на неделата се очекува значително опаѓање на дневните температури.
The post Денеска 37 степени, од утре подзаладување appeared first on Прва Скопска ТВ.