Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека на поединечни места ќе има услови и за изолирано невреме со појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 25 и 34 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината попладне се можни краткотрајни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер.

Според прогнозите, и во наредните денови ќе се задржи претежно сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локални поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Метеоролозите предупредуваат дека на одредени места временските процеси може да бидат поинтензивни, со пообилен дожд и можност за појава на изолирано невреме проследено со град.

Во четврток се очекува промена на временските услови со зголемена облачност и намалување на температурите за неколку степени. Ќе дува засилен, а повремено и силен северозападен ветер, кој на одделни места ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

The post Денес времето топло со температури до 34 степени, попладне се можни поројни врнежи, грмежи и град appeared first on Скопско ЕХО.