Изборните резултати во САД донесоа промена на односот на силите во американскиот Конгрес, откако демократите, според прелиминарните податоци, освоија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот. Новиот состав ќе ја преземе функцијата во јануари, кога демократите ќе добијат контрола врз двата дома на законодавниот орган.По изборниот успех, демократите најавија дека ќе го засилат надзорот врз извршната власт и дека би можеле да покренат истраги за работата на претседателот Доналд Трамп, члено