Жителите на дел од улицата „Ванчо Китанов“ во Струмица денеска привремено ќе останат без водоснабдување поради дефект на водоводната мрежа.
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека без вода ќе бидат корисниците на потегот од раскрсницата со улицата „Моша Пијаде“ до раскрсницата со улицата „Беласица“, во периодот од 08:00 до 12:00 часот.
Екипите на претпријатието се на терен и работат на санирање на дефектот, со цел водоснабдувањето да биде нормализирано во најкус можен рок.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 13-110.
The post Дел од улицата „Ванчо Китанов“ денеска четири часа ќе биде без вода поради дефект appeared first on Radio StrumicaNet.