Дел од жителите на Општина Центар денеска останаа без вода поради интервенција на водоводната мрежа.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека на 9 јуни, по барање на корисник поради внатрешен дефект на адреса улица „Даме Груев“ 7/8, извршено е затворање на водоводен вод.Прекинот во водоснабдувањето започна во 9 часот и ќе трае до завршување на работите.Без вода се дел од корисниците на булеварот „Кирил и Методиј“ и на улицата „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар.