Поранешната пејачка, денес модна дизајнерка Викторија Бекам (52) со децении е под лупа на јавноста . Таа се прослави како Пош Спајс во групата „Спајс грлс“, а подоцна стана модна дизајнерка. Поради витката фигура, нејзините навики во исхраната и вежбањето често се во центарот на вниманието.

Оваа 52-годишна мајка на четири деца претходно раскажа како се труди да биде „дисциплинирана“ во својата исхрана.

„Се обидувам да бидам мошне дисциплинирана во начинот на кој јадам. Се хранам навистина здраво, сакам јапонска храна, многу риба, секаков вид риба, секаков вид зеленчук, многу овошје и слични работи“, објаснила таа уште во 2008 година.

Неодамна откри дека го намалила внесот на овошје бидејќи предизвикува подуеност, но сподели што и понатаму јаде.

„Флексибилна сум кога станува збор за храната, бидејќи Дејвид и јас сме многу друштвени и сакаме да јадеме надвор. Но, кога се хранам правилно, гледам разлика на својатакожа – моите очи се побели и посјајни и имам многу повеќе енергија. Јадам многу свежа риба, свеж зеленчук и салати, како и семки и јаткасти плодови. Исто така, сакам и овошје, но не го јадам премногу, бидејќи од него се чувствувам доста подуена. Дисциплинирана сум со исхраната – така го извлекувам максимумот од своето тело“, рекла таа во 2020 година.

Нејзиниот сопруг, 51-годишниот Дејвид Бекам, вели дека, иако може да биде „слаб“ на храната и виното, неговата сопруга „јаде истото веќе 25 години“. Во поткастот „River Cafe Table 4“, тој раскажал: „Кога јадам нешто одлично, сакам сите да го пробаат тоа. За жал, оженет сум со личност која веќе 25 години јаде иста работа. Откако ја запознав Викторија, таа јаде само риба на скара и зеленчук на пареа. Многу ретко отстапува од тоа.“