На главниот цевковод кај Филтер-станицата во Струмица настанал дефект, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Екипите на претпријатието веднаш почнале со санација, а во тек е изработка на бајпас преку кој водоснабдувањето треба да продолжи непречено додека трае поправката.

Од „Комуналец“ нагласуваат дека градот континуирано се снабдува со вода од резервоарите на водоснабдителниот систем и засега нема прекин во снабдувањето.

До крајот на денот се очекува да биде обезбедено водоснабдување преку новиот цевковод, по што јавноста дополнително ќе биде информирана.

The post Дефект на главниот цевковод кај Филтер-станицата во Струмица, нема прекин во водоснабдувањето appeared first on Radio StrumicaNet.