Одбраната на обвинетиот судија Ѓоко Ристов побара вештачење на доказите, бидејќи според бранителот Звонко Давидовиќ тие се компромитирани.

Тој по завршување на денешното рочиште изјави дека барањето да се вештачат доказие е стандардна процеура и дека вештаците се тие кои што треба да објаснат особено околу биолошките траги, начинот на ко јсе чувани земените материјали.

-Гледаате дека форензичарите не се облечени онака како што налага протоколот за обезбедување форензички докази. Можеби обвинителтвото да се однесува на тој начин како што се однесува „лако чемо“, ама прописи во Република Македонија има а они први треба да ги почитуваат. Нивните докази се контаминирани и тоа ќе го докажуваме во текот на постапката, изјави Давидовиќ.

Според него одбраната најмногу реагираше на доказите од самото место кое не е сопственост на обвинетиот.

-Потврдите жал ми е што не ги покажа Обвинителството се одземени од друго лице, парите се одземени од друго лице и најинтересно е дека парите се предадени во трети месец во Агенција за одземен имот. Ги видовме доказите па видовте дека ливчињата, алуминиумските фолии и парите се во иста кеса и однесени во МВР. Па се манипулирани, вадени се парите да се предадат на Агенцијата и во четврти месец е вршено вештачење. Гледате дека на подот и плочките се ставани пари, ракаввиците се скинати, манипулирано е со парите во четврти месец. Големо прашање е колку се валидни сите тие траги, изјави Давидовиќ.

Тој рече дека одбраната ја ангажирале Судска медицина како технички советник и дека таа ќе објасни дали и како се манипулирани доказите кои ги презентира Обвинителството.

-Она што исто е чудно Обвинителството се обидува преку познанства со луѓе, а ние сме нација која знае меѓу себе дека преку познанставата со Љупчо Пецов и Фехми Стафа сторил кривично дело затоа што ги познава. Предметите кои ги изведоа како доказ во еден од предметите учествувала и самата обвинителка и нејзината жалба е повлечена од Вишиот јавен обвинител. Ама тоа не го кажува и сите овие предмети завршиле со правосилна пресуда без никаква забелешка од повисокиот суд. Ние ги предложивме и Фехми Стафа и Љупчо Пецов, па ќе ги чуете за разлика од Обвинителството, обраната нема да раскажува што кажале другите лица што го прави обвинителката туку ќе остави сведоците сами да кажат како што налага законот, изјави Давидовиќ.

Е.Б.