Со усвојувањето на новата програмска рамка и платформата „Твоја држава, твоја шанса“, како и со процесот на обединување околу Фронтот за вистина и правда, СДСМ отвора нова етапа во своето политичко дејствување.

Од партијата информираа дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, донел одлука за именување нови претседатели на општинските организации во Шуто Оризари, Струмица и Пробиштип.

За претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица е назначен д-р Лазо Манев, специјалист по радиологија.

„За претседател на општинската организација во Струмица е назначен д-р Лазо Манев, специјалист по радиологија, докажан во својата работа и современите дијагностички пристапи за рана детекција на различни заболувања, но и во своите менаџерски способности“, соопштија од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека именувањата се дел од процесот на кадровско освежување и организациско јакнење, со цел поефикасна работа на терен, подобра комуникација со членството и поголема поврзаност со граѓаните.

Според СДСМ, новите кадровски решенија треба да придонесат за понатамошно зацврстување на партиската организација и реализација на политиките предвидени во новата програмска рамка.

The post Д-р Лазо Манев назначен за претседател на ОО на СДСМ Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.