Српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, денес изјавила дека отсекогаш била „тимски играч“ и дека сè што прави е во интерес на Република Српска, додавајќи дека во еден период за време на мандатот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, ѝ било предложено да се дистанцира од претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, што таа, како што вели, го одбила.

Цвијановиќ, во изјава за Радио и телевизија на Република Српска (РТРС), ги оценила ваквите понуди како „неморални и нечесни“.

„Ние сме голем тим на чело со Милорад Додик и нема никакви продажби или отстапувања од заедничката политика“, рекла Цвијановиќ.