Државната комисија за спречување на корупција ќе проверува дали функционерите правилно ја пријавиле својата имотна состојба, а резултатите треба да бидат годови до крајот на годината. Според претседателот на Државната комисија Адем Чучуљ, ваквите проверки ги прават по забелешките на Советот на Европа и дека ќе се проверува имотната состојба на шеесетина високи функционери.

-Државната комисија согласно Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси за оваа година почна постапка за проверка на податоците за имотна состојба на 60 виски функциониери, како од законодавната, така и од извршната власт исто така и за градоначалници , како и за актуелни така и за поранешни. Идејата е да покажаме поголема проактивност во овој дел, бидејќи и извештаите на европската комисија и на ГРЕКО бараат поголемама ангажираност на ДКСК во проверка на имотната состојба на функционерите. Во планот предвидовме носители на функции од највисок калибар, почнувајќи од мминистри, градоначалници судии, изјаву Чучуљ.

Тој објасни дека постапката за проверка на тоа што пријавиле избраните функционери со она што е нивен имот се отворени и се прибираат податоци, а како што ќе завршуваат постапките ќе ги објавуваат.

Е.Б.