По неколкудневниот топлотен бран, северниот дел на Грција го очекува нагло влошување на времето. Грчката национална метеоролошка служба издаде црвен аларм, предупредувајќи на опасни временски појави што ќе го зафатат регионот.Според прогнозите, во петок најсилен удар на невремето се очекува во Халкидики и Солун, каде што се најавени обилни поројни дождови, силни грмежи, олуен ветер и локална појава на град. Станува збор за региони во кои во овој период престојуваат голем број македонски туристи.