Црногорската полиција во Никшиќ го уапси 19-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, по кого беше распишана меѓународна потерница.

Според полицијата, тој е осомничен дека во август минатата година се обидел да го убие Марко Љубиша-Кан во комплексот на хотелот „Маестрал“ во Будва.

Властите тврдат дека Танасковски се криел во таен стан во населбата Видрован, каде што бил уапсен заедно со црногорски државјанин осомничен дека му помагал да се крие.

Според истрагата, при подготовката на нападот користел фалсификувана лична карта од Србија и нелегално оружје.

The post Црногорската полиција приведе македонски државјанин баран за тежок криминал appeared first on Прва Скопска ТВ.