Црна Гора на 15 јуни би требало да затвори уште две преговарачки поглавја на Меѓувладината конференција со Европската Унија во Луксембург.

Станува збор за поглавјата 2 – „Слобода на движење на работниците“ и 28 – „Заштита на потрошувачите и здравјето“, пренесува РТЦГ.

За да дојде до тоа, потребно е амбасадорите на земјите членки да дадат зелено светло за одржување на Меѓувладината конференција, а се очекува тоа да го сторат на 12 јуни.

Ова ќе биде трета Меѓувладина конференција што Црна Гора ќе ја организира во првата половина од оваа година, во време на кипарското претседателство со Советот на ЕУ.

По оваа Меѓувладина конференција, Црна Гора ќе има затворено 16 од вкупно 33 поглавја во преговорите со Европската Унија.