
Дваесет и седумгодишен жител на Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако, според неговата изјава, бил ненамерно прегазен на ногата од неговиот чичко, кој управувал патничко возило наназад во семејниот двор.
Од СВР Тетово информираат дека на 26 јули 2026 година во 20:30 часот, од Клиничкиот центар во Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.З. (27) од Тетово.
Во разговор со полициски службеници, повредениот изјавил дека околу 19:00 часот, во дворот на семејната куќа, неговиот чичко С.З. (61) од Тетово, управувајќи патничко возило наназад, ненамерно го прегазил на ногата, при што се здобил со тешките повреди.
Повредениот побарал против неговиот чичко да не биде поднесена пријава, бидејќи, како што навел, станува збор за несреќен случај.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и работат на целосно расчистување на случајот.
The post ЧИЧКО ГО ПРЕГЗИЛ ВНУКОТ ДОДЕКА ВОЗЕЛ НАНАЗАД Млад тетовец заврши во болница по несреќен случај appeared first on plusinfo.mk.