
Цените на нафтата пораснаа во понеделникот во пресрет на засилените тензии на Блискиот Исток, додека Иран и Израел разменуваа удари, што предизвика загриженост поради кревкото примирје и продолжувањето на конфликтот.
Меѓународната референтна сирова нафта „Брент“ (Brent) за термисните договори за јули поскапе за 3,18 отсто, достигнувајќи цена од 96,05 долари по барел. Американските термисни договори за нафтата „Вест Тексас интермедиат“ (West Texas Intermediate – WTI) за август пораснаа за 3,46 отсто, на 93,67 долари по барел.
Израелските воздухопловни сили погодија воени цели во западен и централен Иран во понеделникот по локално време, соопштија Израелските одбранбени сили во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X).
Претседателот Доналд Трамп беше известен откако Израел беше погоден од иранска ракета за првпат од почетокот на примирјето, потврди Белата куќа за „МС НАУ“. Ракетните напади „сигурно нема да им помогнат на преговорите“, изјави Трамп за „Фокс Њуз“ во неделата.
„Договорот со претседателот Трамп веќе не е изводлив во оваа фаза“, изјави за „МС НАУ“ ирански функционер вклучен во разговорите меѓу Техеран и Вашингтон.
Во објава на „Х“, Мохамад Багер Галибаф, претседател на иранскиот парламент, истакна дека американската „поморска блокада и кршењето на договорот во врска со Либан“ претставуваат кршење на примирјето. Американските бази, како и базите на режимот и нивниот имот во регионот, сега се „легитимни цели“ поради моменталната американска блокада, како и поради воените акции во Либан, додаде тој.
Во меѓувреме, ОПЕК+ се согласи да ги зголеми целните количини за 188.000 барели дневно почнувајќи од јули, се наведува во соопштението на ОПЕК. Ова е четврто одобрено зголемување на квотите за производство на нафта од затворањето на Ормутскиот теснец.
Ова зголемување е во согласност со јунското, кое беше намалено од месечните зголемувања од 206.000 барели дневно во мај и април, поради излезот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од организацијата.