Цените на нафтата денеска пораснаа за околу два отсто, откако податоците на американската Управа за енергетски информации (EIA) покажаа пад на залихите на сурова нафта во Соединетите Американски Држави шеста недела по ред.

Ова го поттикна растот на светскиот пазар на енергенси, па меѓународната референтна нафта „Брент“ се движеше околу 97,6 долари за барел, додека американската сурова нафта „WTI“ достигна ниво од 95,7 долари за барел, пренесе „Трејдинг економикс“.

Според податоците на „EIA“, залихите на сурова нафта во САД се намалиле за 7,97 милиони барели во изминатата недела, што претставува најголем неделен пад од февруари и е значително над очекувањата на аналитичарите, кои предвидуваа намалување од околу четири милиони барели, пренесува Танјуг.