Глобалните цени на нафтата повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел, откако ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток предизвика нова загриженост за снабдувањето на светските пазари.Цената на суровата нафта од типот Брент во четвртокот се искачи над 100 долари за барел, првпат откако во март достигна слично ниво.Во исто време, американската сурова нафта втор ден по ред бележи раст и поскапе за повеќе од пет проценти, достигнувајќи речиси 92 долари за барел, што е највисоко ниво