Цените на природниот гас во Европа се искачија на највисоко ниво во последните четири месеци откако обновените конфликти во областа на Ормутскиот теснец предизвикаа загриженост за безбедноста на транспортот на енергија преку еден од најважните поморски патишта во светот.

Референтната цена на европскиот природен гас, позната како холандски TTF, денеска се задржа на 59 евра за мегават- час откако вчера накратко  надмина 60 евра за мегават-час.

Пред да се постигне примирје во јуни, цената на гасот генерално остана под 50 евра за мегават-час. Во споредба со претходниот месец, сегашните цени се околу 50% повисоки.

Аналитичарите предупредуваат дека зголемувањето на цените го одразува стравот од дополнително намалување на испораките поради пониските европски залихи, но и зголемената побарувачка во Азија поради високите летни температури и поголемата потреба од уреди за ладење.

Дополнителна неизвесност предизвикуваат заканите од Соединетите Американски Држави и Иран за можното воведување такси за премин на бродови низ Ормутскиот теснец.

The post ЦЕНАТА НА ГАСОТ НА ЧЕТИРИМЕСЕЧЕН МАКСИМУМ Цената според холандскиот TTF се приближи на 60 евра за мегават час appeared first on plusinfo.mk.