Инфлуенсерката и водителка Маја Кикириткова Трајковски уште еднаш покажа дека најубавите прослави не се оние со најмногу гламур, туку оние исполнети со љубов, внимание и личен труд. За јубилејниот 40. роденден на сопругот Александар, таа подготви вистинско семејно изненадување кое предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.