Денес во Бугарија се одржуваат избори, на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател.

Кандидати се Илијана Јотова – која моментално ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Бугарија – и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Бугарската централна банка.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја доби потребната поддршка за директна победа, пренесува БТА.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони луѓе, а 9.373 избирачки места се отворени од 70 до 20 часот.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Валчев; нивната кандидатура е поддржана од владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и Социјалистичката партија.

Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие имаат поддршка од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Текстот Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател е превземен од А1он.