
Бугарскиот пратеник и претседателот на парламентарната комисија за прашања поврзани со Бугарите во странство, Ангел Георгиев, одржал прес-конференција поврзана со билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и недостатокот на, како што вели, напредокот во Преговарачката рамка за пристапување на Македонија во ЕУ.
Георгиев од партијата Преродба остро ја критикувал, како што вели, шокантната пасивност на бугарското Министерство за надворешни работи и нивното одбивање да го бранат бугарскиот јазик. Како резултат на нивната неактивност, Бугарија трпи штета, вклучително и штета на имиџот.
Бугарската партија најавила дека ќе испрати официјално барање до бугарското МНР за забрана за влез во Шенген-зоната за двајца државјани на Македонија, поради видео во кое, според партијата, упатиле навредливи гестови кон бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова. Станува збор за новинарот и главниот уредник на поткастот „Тешки муабети“ на порталот „Инфомакс“, Милош Милошевски и Александар Митовски.
„Дојде до точка каде што јутјуберите од РСМ им покажаа среден прст на Румен Радев, Јотова и сите други, како што велат во етерот на нивниот канал, каде што емитуваат видеа од нивните постапки“, им рече Георгиев на бугарските новинари и додаде дека Преродба инсистира на итна реакција од Министерството за надворешни работи.
Георгиев, исто така, обвинил за како, што вели, двојните стандарди во Македонија.
„Бугаринот Драги Каров, од истата земја – РСМ, е осуден на една година условна казна, со три години пробен период, за коментари на Фејсбук. И уште двајца покажуваат во етерот, како што реков, средни прсти кон Румен Радев, Јотова и сите други, како што самите известуваат, но против нив не се покренати обвиненија“, кажал бугарскиот пратеник.
Во една од последните емисиите на поткастот, главниот уредник Митовски и новинарот Милошевски покажале средни прсти наменети за бугарскиот државен врв – премиерот Радев и в.д. претседателката Јотова.