
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) не дозволила пратка јаболки од Македонија со прекумерна содржина на остатоци од пестициди да влезе на пазарот на Европската Унија. Според бугарските медиуми, пратката има вкупна количина од 19.350 кг и ќе биде вратена назад во Македонија.
Лабораториското тестирање покажало содржина на остатоци од пестициди над законски утврдените максимално дозволени нивоа.
Се наведува дека откривањето на несоодветна пратка е во рамките на засилената контрола на Бугарската агенција на свежо овошје и зеленчук што се нуди на бугарскиот пазар.