Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“,
Според Финансиската полиција сопственикот и управител на правниот субјект, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, го сторил кривичното дело „Даночно затајување“ на начин што, набавената трговска стока, евидентирана како залиха кај второпријавениот правен субјект заклучно со 31.12.2025 година, во вкупна вредност од над 26 милиони денари, неосновано ја присвоил за себе.
Со наведените дејствија, пријавените не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на државата за вкупен износ од 8.070.791 денари – се вели во соопштението.
The post Буџетот оштетен за 8 милиони денари, кривична за управител и правно лице за даночно затајување appeared first on Скопско ЕХО.