
За односите со Бугарија и политиките на Владата, професорот и екс-премиер Владо Бучковски вели дека за поздравување е посетата на министерот Тимчо Муцунски на Софија, иако беше изнудена. Смета дека требаше да има повеќе средби меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Румен Радев.
-Не ја знам тактиката и стратегијата, но, очигледно таа не вроди со плод. Третата година (од власта) минува. Догодина е предизборна година и мислам дека некое чудо треба да се случи, па пријатно да ме изненади Владата на ВМРО-ДПМНЕ со рационалноста и прагматичноста. Дефинитивно треба да ни биде јасно – без ЕУ, Македонија ќе биде слепо црево во Југоисточна Европа, не во Западниот Балкан. И Косово ќе не помине. Тоа е мојата порака, рече Бучковски во емисијата на „360 степени“.
Екс-премиерот истакна дека ако не беше провокацијата со бегството на Ива Михаилова, темата Македонија немаше да биде ниту тема во предизборната кампања за претседателските избори во Бугарија, на кои победи Илијана Јотова.
Бучковски е дециден дека „беспредметно е да бараме гаранции, а да не се зафатиме да ги завршиме работите кои се пред нас“.