Бројот на загинати во силниот земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој го погоди јужниот дел на Јапонија, се искачи на најмалку 13 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат со интензивна потрага по преживеани.Најтешко погоден е регионот околу Кумамото, каде што делумно се урна трговскиот центар „Еон“, а околу еден час по потресот се случила и експлозија. Од урнатините биле извлечени осум лица, но тројца од нив им подлегнале на повредите. Според операторот на трговскиот