
„Јас во моментов сум на вечера со Вучиќ и Кошта, но повеќе сум на телефон отколку на вечерата, сериозно сум загрижена. Се обидов да разговарам со Вучиќ, но претседателот не сака ни да чуе да се откаже од патот во Црна Гора. Тој секогаш се држи до своите зборови и ветувања и тоа му е важно поради нашиот народ, но и поради европските партнери. Не постои никаква шанса да го убедам да не патува“, изјави Брнабиќ за ТВ Информер.
„Никој тука не е наивен и никој тука не е луд за да не види дека нешто се случува, а тоа е она што мене сериозно ме загрижува. Моја уставна надлежност како претседателка на Собранието е најсериозно да се бавам со ова прашање, а особено ми е неверојатно што ние во Србија имаме луѓе, како што се Борко Стефановиќ или Павле Грбовиќ или останатите луѓе, блокатори од поранешната власт или блокатори од факултетите, кои се насладуваа со ова, кои му се радуваа на ова, кои веднаш најдоа за згодно повторно да ја нападнат Србија и претседателот Вучиќ“, продолжи Брнабиќ.
„Значи, сето тоа е нешто што наговестува дека не е безбедно претседателот утре да патува во Црна Гора. За жал, тој не сака да чуе и верувам дека ќе патува, пред сè поради својата одговорност кон Србија“, додаде претседателката на Парламентот.
Брнабиќ уште рече дека поради целокупната ситуација била одржана и вонредна седница на извршниот одбор на СНС, на која партиските соработници се обиделе да го наговорат Вучиќ да не патува во четврток, туку да замине само во петок – за да не ја минува ноќта во Црна Гора, туку да биде присутен само на конференцијата.
„Се слушнав вечерва трипати со Милан Кнежевиќ, кој ми рече, цитирам: ‘Подобро е да оди во Газа отколку да доаѓа овде’. Покрај тоа, мислам дека луѓето треба да знаат дека претседателот Вучиќ утре патува со обезбедување кое е минимално. Мислам дека со него нема да можат да патуваат повеќе од седум лица од неговото обезбедување“, изјави Брнабиќ за ТВ Информер.