Државјанка на Велика Британија (23) се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево – Охрид.

Според информациите од МВР, несреќата се случи вчера попладне околу 17:50 часот, кога патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишен британски државјанин, удри во метална заштитна ограда и излета од коловозот.

Во несреќата тешко е повредена неговата сопатничка, 23-годишна државјанка на Британија.

Повредената е пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што лекарите констатираа тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, а причините за несреќата се утврдуваат.

Текстот Британка (23) тешко повредена во сообраќајка на патот Кичево – Охрид е превземен од А1он.