
Комапнијата „Болкангазнет“ го доби тендерот на Министерството за одбрана на Македонија за снабдување со гас на касарните „Илинден“ и „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Тендерот е со важност од две години, односно од 16.07.2026 до 16.07.2028 и вреди 112.100.000 денари.
Бугарската асоцијација за гас во 2022 година во Скопје ја регистрираше својата компанија „Болкангазнет Доо“ со дејност „трговија на гас преку дистрибутивните системи“.
Компанијата, во тој период, доби лиценца за трговија со природен гас од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Фото: Армија на Северна Македонија
Според веб-страницата на „Болкангазнет“, се работи за македонска компанија лиценцирана за трговија и снабдување со природен гас и електрична енергија, и работи на развој на нови пазари, проширување на мрежите за дистрибуција и обезбедување конкурентни решенија.
„Болкангазнет“ врши Увоз и извоз на природен гас од странски партнери преку интерконективни гасоводи; Трговија и снабдување со електрична енергија на големо и мало, со опција за балансирање и предвидување на потрошувачка; Консултантски услуги за енергетска ефикасност, оптимизација на трошоци и поддршка при премин кон обновливи извори; Развој на инфраструктурни проекти во соработка со јавниот и приватниот сектор, како и Управување со ризик, хеџинг и прилагодување на договори според пазарните услови.