Во продолжение, ви ја пренесуваме неговата објава во целост:Во време кога најголем дел од македонската политичка сцена се движи помеѓу популизам, дневнополитички калкулации и дипломатски флоскули, Петар Богојески останува еден од ретките политичари што без компромис и без страв ги отвора најчувствителните национални и геополитички прашања. Како лидер на Македонски концепт, Богојески со години гради препознатлив политички профил заснован на јасни ставови, директен говор и бескомпромисна одбрана на македонските национални интереси.
Неговите јавни настапи секогаш предизвикуваат внимание, а неговите анализи и пораки често отвораат теми за кои многумина молчат. Во најновата објава, упатена до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Богојески испраќа силна и недвосмислена порака за односот на Европската Унија кон Македонија, разочарувањето кај македонските граѓани и потребата од чесен и принципиелен пристап кон евроинтегративниот процес.
ПИСМО ДО КОШТА
Господин Кошта,
се надевам премиерот Мицкоски вчера убаво ве угости во нашата Македонија. Верувам имавте пријатни моменти заедно. Но дозволете, сега јас да ви кажам нешто “без ракавици”.
ЕУ во македонската политика е “мртво слово”!
Како тоа не го разбира опозицијата?!? Како?!?
После тие шарени лаги на Меркел и Макрон… после сите скандали во ЕУ и падот на “образот” на Унијата… за нас Македонците работите сериозно се сменети!
Таа таква недоследна ЕУ, направи од типови како мене, тешки, тешки ЕУ оптимисти и фундаменталисти да станеме ЕУ реалисти и едвај да не преминеме во песимисти! Срамно нели?!?
Кога некој се обидува да мобилизира “политички отпор” на база на европската агенда, нели е повеќе од наивен? Како може тоа да не го гледа?
Нема повеќе за ЕУ ова, за ЕУ она! Умре таа работа!
Да, ние сме за ЕУ… поради националните интереси и европската идеја… сепак сме европјани нели? Сепак сме Македонија, лулка на европската цивилизација… јас лично ја поддржувам и федералната идеја за ЕУ, се е тоа ОК!
Ама веќе во басни не веруваме! Точка!
Или ЕУ ќе покаже сериозност во намерите со нас, или ние ќе покажеме уште поголема несериозност во намерите со вас! Тоа така оди! Нема тука А-Б!
Нека донесе ЕУ официјална одлука за проширување, каде јасно и гласно ќе е наведена Македонија во истата, со дефиниран и непроменлив датум, со јасни критериуми и стандарди / услови… нема проблем! Ќе мрдниме!
Вака испаѓаме и будали! Не само наивни!
За се има решение… национален (граѓански) Устав, нова преговарачка рамка… ако се сака, се се може! Вака ништо другари! Вака работите за другите! Вака вие ЕУ големците работите за Путин и компанија! Јас да ви кажам! И не ве лажам! А вие многу добро знаете дека не лажам! Нели?
Ајде сега да се фатиме за работа и чесно да изградиме “братство и единство” во федерална ЕУ! Јас сум подготвен да умрам, работејќи на таа агенда. Ама ако се има чесен однос! Ако не, ќе умрам во борбата со нечесниците од ЕУ! Бирајте!
Или ќе биде ЕУ компатибилна и трпелива со македонските интереси, или може да се слика!
Ние сме издржале и гладни и боси, тепани и силовани… векови и векови под ропства! Ќе ве издржиме и вас.
Ама од себе си не можеме да се откажеме!
Од македонската Кауза не можеме подалеку!
Тоа е тоа! Крај!
д-р Петар Богојески
еден ЕУ фундаменталист
The post БОГОЈЕСКИ ДО КОШТА: НЕ ВЕРУВАМЕ ВО БАСНИ – ИЛИ ЕУ ЌЕ БИДЕ СЕРИОЗНА, ИЛИ МОЖЕ ДА СЕ СЛИКА! appeared first on Politika.