„Од причини од највисока важност за работите доверени на Безбедносно-информативната агенција, соопштуваме дека е неопходно да се огласиме дека поради непријателското дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора, Безбедносно-информативната агенција официјално му советуваше на претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора, бидејќи е утврдено постоење на висок безбедносен ризик. Според нашите оперативни сознанија, Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот клан, се наоѓа во Црна Гора“, се наведува во соопштението на БИА.

Како што се додава, спротивно на сите правила на професијата и на одговорниот однос, безбедносната процена која повеќепати била побарана од службата домаќин на собирот во Црна Гора, не им била доставена.

Потсетуваме, Александар Вучиќ би требало во Тиват да учествува на Самитот на Европската политичка заедница, кој ги собира лидерите на европските држави и институции, а кој претставува еден од најзначајните политички собири на европскиот континент.

Исто така, денеска од безбедносни причини авион од Белград беше задржан на пистата на Аеродромот Тиват заради спроведување детални проверки на лицата кои допатувале, вкупно 87, односно на причините за нивната посета.

Како што накнадно соопшти Управата на полицијата на Црна Гора, државјаните на Србија на кои им е забранет влезот во Црна Гора, со себе во авионот имале транспаренти на кои пишувало „Србија победува“, уред за комуникација на далечина и поморска радиостаница