Дел од корисниците во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.
Според податоците од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето е планиран во периодот од 05:30 до 14:30 часот.
Без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Ѓоре Ѓоревски“ во општина Бутел, како и жителите на улицата „Анди Вемир“ во Агино Село.
Дополнително, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат и корисниците од Горно Соње, поточно во месноста Коштан.
Од надлежните служби апелираат граѓаните навремено да ги планираат активностите во периодите кога ќе има прекин на електричната енергија.
The post Без струја делови од Бутел, Агино Село и Горно Соње appeared first on Прва Скопска ТВ.