Учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи, објави Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа – вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.

Тој посочува дека со оваа мерка ќе ги намалат социјалните разлики, го олеснат финансискиот товар на семејствата и ќе им овозможат на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно – образованието, личниот развој и градењето на својата иднина.

The post Бесплатни униформи првпат за учениците од прва година во средните училишта во Скопје appeared first on Скопско ЕХО.