
Музичкиот продуцент Бени Бланко им покажа на своите следбеници како со сопругата Селена Гомез го прославиле нејзиниот 34. роденден. Наместо раскошна забава, двојката избрала романтично патување во Италија и кулинарска работилница на која заедно подготвувале традиционални италијански специјалитети.
Бланко (38) на Инстаграм објави видео од нивниот одмор со опис: Да подготвиме италијанска гозба за роденденот на мојата сопруга.
На снимката се гледа како Селена ужива во готвењето – крши јајца, меси и развлекува тесто за домашна паста, додека Бени постојано ја бодри и со насмевка го следи секој нејзин чекор.
Освен тестенини, парот подготвувал и други италијански деликатеси, меѓу кои полнети цветови од тиквички и пармиџана од модар патлиџан.
Додека ја дегустира пармиџаната, Бланко не го крие воодушевувањето.
– Љубов моја, правиш најдобра пармиџана од модар патлиџан. Ова е најдоброто нешто што сум го пробал во Италија, а го направи ти – ѝ вели тој на Селена.
Таа низ смеа му возвраќа: Не, ти ја направи.
View this post on Instagram
Во видеото може да се види како двајцата уживаат во вино, вкусна храна и прекрасни италијански пејзажи, посетувајќи вили, градини и живописни локации. Во еден момент Бланко на шега го коментира погледот околу нив:
– Баш ужасен поглед.
На крајот од видеото, додека Селена се одмара по работилницата, тој тивко ѝ порачува:
– Среќен роденден, љубов моја. Те сакам.
Пред кулинарската авантура, Селена и Бени ја посетиле и Болоња, каде што вечерале во ресторанот „Траторија дела Санта“. Сопственикот на ресторанот, Рикардо Лели, изјавил дека славната двојка оставила одличен впечаток.
– Беа прекрасни, срдечни и исклучително пријатни. Ја пофалија храната и услугата. Навистина беа одлични гости – рекол Лели.
View this post on Instagram
Селена Гомез и Бени Бланко се венчаа на 27 септември 2025 година, речиси две години откако јавно ја потврдија својата врска.
View this post on Instagram
The post 🎥 БЕНИ БЛАНКО ОТКРИ КАКО ЈА ИЗНЕНАДИЛ СЕЛЕНА ГОМЕЗ ЗА РОДЕНДЕНОТ Наместо гламурозна прослава, романтично патување и кулинарска работилница за тестенини appeared first on plusinfo.mk.