Белгискиот возач Паоло Фалцоне (38) е прогласен за виновен за убиство на седум лица, откако со автомобил влетал во карневалска поворка додека се снимал за објава на социјалните мрежи.Трагедијата се случи во март 2022 година во градот Ла Лувиер, во јужна Белгија, а судот пресуди дека Фалцоне е одговорен за смртта на седуммина учесници во традиционалната карневалска поворка. Висината на казната ќе му биде соопштена следната недела, а му се закануваат до 30 години затвор.Според обвинителството, Фалцоне, кој и претходно бил казнуван поради брзо возење и управување под дејство на алкохол, управувал со своето BMW со брзина од 170 километри на час во зона каде што ограничувањето било 50 километри на час.Тој се враќал дома од ноќен клуб во раните утрински часови и не знаел дека на улицата се наоѓаат учесници во карневалската поворка. Истрагата утврдила дека во моментот на несреќата снимал содржина за социјалните мрежи и не внимавал на патот.Шест лица починале на самото место, додека седмата жртва подоцна им подлегнала на повредите во болница. Повредени биле околу 40 лица, а дел од нив останале со трајни последици.За време на судењето, Фалцоне изразил каење и признал дека често се снимал додека возел со голема брзина.„Во целост признавам дека се снимав додека возев со луда брзина. Тоа често го правев. Се однесував како целосен идиот“, изјавил тој пред судот.Поради големото внимание и револтот во јавноста, судењето се одржа пред порота, што е реткост во случаи на сообраќајни несреќи во Белгија. Виновен беше прогласен и совозачот, кој се товари за непружање помош на лица во опасност, за што му се заканува казна затвор до две години.