Италијанската полиција уапси 35-годишен маж осомничен за две кражби во местото Ботричело, во близина на Катанцаро, откако за време на бегството од едниот објект му испаднало ливче со неговото целосно име и телефонски број.Според италијанските медиуми, осомничениот, кој ѝ бил познат на полицијата и претходно, најпрво влегол во продавница за облека, претставувајќи се како купувач кој бара одело за младоженец. Додека сопственикот бил одвлечен од разговорот, тој украл чанта на една муштерика, во кој