
Бебе од Куманово – 14 месечно е хоспитализирано откако дошло во контакт со средство за чистење, по што е пренесено во Кумановската болница.
Од СВР-Куманово информираат дека случајот е пријавен синоќа.
„На 10.06.2026 година во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење“, соопштија од полицијата.
По пријавата, полициски службеници извршиле службен разговор со мајката на детето, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Куманово.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.
Текстот Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница е превземен од А1он.