Советникот од ЛДП во Советот на Општина Могила, Илче Дамевски, преку соопштение побара навремена исплата на субвенциите за тутунопроизводителите и подобра комуникација со земјоделците, оценувајќи дека доцнењето на исплатите дополнително ја зголемува неизвесноста во секторот.„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е нејзиното срце и столб. Никогаш досега не се случило на средината на јуни тутунарите сѐ уште да ги немаат добиено субвенциите за тутунот. Оваа година тие се и намалени, а сè уште не се исплатени“, изјави Дамевски.Тој посочи дека тутунопроизводителите од година во година се соочуваат со повисоки производствени трошоци, неизвесни услови и доцнење на мерките што треба да им помогнат.Од ЛДП велат дека земјоделците не треба да бидат повикувани на трпение, бидејќи, како што нагласуваат, станува збор за планирани и заработени средства.„Либерално-демократската партија бара само навремена исплата и редовна, навремена комуникација со земјоделците“, истакна Дамевски.Тој порача дека грижата за земјоделците треба да се покажува преку конкретни политики и навремени мерки, а не преку, како што рече, „празни зборови и скапо платени спотови“.„На земјоделците им е потребен сигурен партнер. За ЛДП, граѓаните и нивниот труд секогаш се на прво место, затоа што тие значат силна економија и подобар живот за сите“, додаде Дамевски.„Бараме навремена исплата на субвенции и редовна комуникација со земјоделците во Пелагонија“, вели Дамевски
Советникот од ЛДП во Советот на Општина Могила, Илче Дамевски, преку соопштение побара навремена исплата на субвенциите за тутунопроизводителите и подобра комуникација со земјоделците, оценувајќи дека доцнењето на исплатите дополнително ја зголемува неизвесноста во секторот.„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е нејзиното срце и столб. Никогаш досега не се случило на средината на јуни тутунарите сѐ уште да ги немаат добиено субвенциите за тутунот. Оваа г...
Советникот од ЛДП во Советот на Општина Могила, Илче Дамевски, преку соопштение побара навремена исплата на субвенциите за тутунопроизводителите и подобра комуникација со земјоделците, оценувајќи дека доцнењето на исплатите дополнително ја зголемува неизвесноста во секторот.„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е нејзиното срце и столб. Никогаш досега не се случило на средината на јуни тутунарите сѐ уште да ги немаат добиено субвенциите за тутунот. Оваа година тие се и намалени, а сè уште не се исплатени“, изјави Дамевски.Тој посочи дека тутунопроизводителите од година во година се соочуваат со повисоки производствени трошоци, неизвесни услови и доцнење на мерките што треба да им помогнат.Од ЛДП велат дека земјоделците не треба да бидат повикувани на трпение, бидејќи, како што нагласуваат, станува збор за планирани и заработени средства.„Либерално-демократската партија бара само навремена исплата и редовна, навремена комуникација со земјоделците“, истакна Дамевски.Тој порача дека грижата за земјоделците треба да се покажува преку конкретни политики и навремени мерки, а не преку, како што рече, „празни зборови и скапо платени спотови“.„На земјоделците им е потребен сигурен партнер. За ЛДП, граѓаните и нивниот труд секогаш се на прво место, затоа што тие значат силна економија и подобар живот за сите“, додаде Дамевски.