
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ кој на последните избори беше кандидат за градоначалник на Скопје и балерината Стефанија Гаштарска која пред неколку години стана позната на социјалните мрежи објавувајќи содржини за балет, балетски техники и секојдневни видеа од својот живот, истовремено на своите профили на Инстаграм споделија заеднички фотографии.
Двојката била на заедничко планинарење и се искачила на врвот Плат, на Шар Планина, а на фотографиите, освен планински предели, чисто небо и прекрасни кадри од Шар Планина, се гледаат и нивните насмеани лица додека прегрнати уживаат во денот и во нивната љубовна врска.
View this post on Instagram
Мециновиќ, покрај политичкиот ангажман, е познат и како голем вљубеник во природата и планинарењето. На неговиот профил на Инстаграм веќе подолго време може да се забележат фотографии од различни планинарски авантури, а честопати апелира и за поголема грижа, заштита и зачувување на планините и природните убавини.
View this post on Instagram
Иако досега својот приватен живот го чуваа подалеку од јавноста, со овие фотографии Стефанија и Амар решија да ја обелоденат својата љубов.
The post 📷 БАЛЕРИНА И ПРАТЕНИК, НОВ ПАР НА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНА СЦЕНА Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ ја обелоденија љубовната врска appeared first on plusinfo.mk.