Дел од советниците во Советот на општината велат дека Охрид повторно се спаси од црната листа на УНЕСКО со пролонгирање на рокот за исполнување на препораките. Според советничката од Левица, Виолета Аврамоска, оваа одлука на Комитетот за светско наследство воопшто не е за радување, а уште помалку за фалење и издигнување на ниво на некаков дипломатски успех.

-ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков веќе пет години раководат со Охрид, од кои две години имаат апсолутна власт во Македонија. Тоа е сосема доволен период, доколку има волја да се исполнат барем дел од препораките. Охрид има 4847 дивоградби, меѓу кои хотели и згради. Градежната инспекција издала 456 решенија за рушење, но Општина Охрид не спровела ниту едно, рече советничката.

Охрид повторно се спаси од црната листа на УНЕСКО – одлуката воопшто не е за радување, а уште помалку за издигнување на ниво на дипломатски успех