Авион на српската авиокомпанија „Ер Србија“, кој вечерва полетал од Белград кон Москва, ненадејно ја променил рутата над јужниот дел на Литванија и се вратил во Србија, објави српски „Мондо“.

Летот JU134 полетал од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во 18:48 часот, а по промената на курсот слетал на истиот аеродром точно во 22 часот.

Причината за враќањето засега не е позната.

Необичниот маневар предизвикал големо внимание на специјализираната платформа „Флајтрадар24“, каде што авионот бил најследениот лет во текот на денот.

The post АВИОН ЗА МОСКВА СЕ СВРТЕ И СЕ ВРАТИ ВО БЕЛГРАД Причината за ненадејната промена не е позната appeared first on plusinfo.mk.