Авион на израелската авиокомпанија „Изрер“, кој требало да слета на аеродромот во Љубљана, е пренасочен кон Загреб, откако словенечките власти не одобриле слетување, јавуваат меѓународни медиуми.

Од авиокомпанијата „Изрер“ тврдат дека одлуката е политички мотивирана и дека е во спротивност со авионските договори и правилата на Европската Унија. Сепак, засега не се објавени официјални детали за причините поради кои е одбиено слетувањето.

Словенечките власти сè уште не се огласиле во врска со инцидентот, па останува нејасно дали одлуката е поврзана со политички околности или со други безбедносни или административни причини.

Случајот доаѓа во период на зголемени дипломатски тензии во регионот. Словенија во 2024 година ја призна Палестина како држава, а во 2025 година воведе санкции кон израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих.

The post АВИОН ОД ИЗРАЕЛ ОДБИЕН ДА СЛЕТА ВО ЉУБЉАНА Леталото заврши во Загреб по забраната appeared first on plusinfo.mk.