
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за продажба на акциите на Алта банката да се случи на крајот на овој месец или на почетокот на следниот.
Мицкоски рече дека истекол тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а во тек е десетдневен рок во кој треба да се даде согласност Народната банка преку аукција да ги отуѓи акциите.
Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи, по што се очекува да биде закажана аукцијата.
Претходно гувернерот Трајко Славески изјави дека по поминување на рокот во кој српскиот регулатор треба да даде согласност за продажба на акциите во битолската филијала на Алта банка, Народна банка со или без согласност планира да ги даде на аукција преку Македонска берза.
The post АУКЦИЈАТА ЗА ПРОДАЖБА НА АКЦИИТЕ НА АЛТА БАНКА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ Тече рокот во кој српскиот регулатор треба да се согласи за продажбата на акциите во битолската филијала appeared first on plusinfo.mk.