Проблемот со арсенот се појавува при хронично пиење на ваква вода во тек на повеќе години или децении. Тогаш може да настапат знаци на хронично труење.

-Оваа концентрација е само малку над безбедната граница на СЗО од 10 мцг/Л. За појава на акутно стомачно труење потребни се илјадници пати повисоки дози во милиграми. Сума Сумарум, да не им се повтори веќе, вели докторот Милан Ристески за арсенот во водата во Валандово.

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба, согласно документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата, соопшти денес на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев.

Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека согласно добиени резултати од Институтот за јавно здравје во Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, па поради тоа се препорачува да не се користи за пиење. Вчера, пак, градоначалникот Камчев, презентираше нови резултати од вонредна анализа спроведена од истиот Институт во која е наведено дека измерената концентрација на арсен е 1,47 микрограми на литар, односно влегува во дозволените граници.

Д-р Ристески за арсенот во валандовската вода: За појава на акутно стомачно труење потребни се илјадници пати повисоки дози во милиграми