
Холандските власти уапсија тројца осомничени за тероризам во Ротердам, Ајндховен и општината Алкмар, во рамки на истрага за тероризам, соопшти холандското Државно обвинителство. Уапсените се на возраст од 16 до 19 години.
Според холандскиот јавен сервис НОС, апсењата биле извршени речиси истовремено, а паралелно биле спроведени и претреси на објектите во кои престојувале осомничените.
Локалниот весник „Ејндховенс Дагблад“ објави дека во куќа во Ајндховен живее 19-годишен млад човек со турско потекло, идентификуван само со иницијалот М., бил уапсен и во мај 2023 година под сомнение дека бил поддржувач на терористичката организација Исламска држава.
Според обвинителството, во преписките што биле предмет на истрагата се разговарало за обезглавувања, набавка на оружје и експлозиви, како и за патување во Авганистан со цел приклучување кон огранокот на Исламска држава – Хорасан (ISKP).
Судот во Ротердам на почетокот на 2024 година оцени дека апсењето на тогаш 16-годишниот осомничен и неговите соработници најверојатно спречило нанесување голема штета на општеството во Холандија и Белгија.
Текстот Апсења во Ротердам, Ајндховен и Алкмар: Тинејџер и малолетни се осомничени за тероризам е превземен од А1он.