
Антониа Гиговска ги оживеа македонските музички евергрини на „Макфест“: Со моќен вокал и емоција ја воодушеви публиката (ВИДЕО)
Некои песни никогаш не стареат, а кога ќе ги испее вокал што знае да ја пренесе нивната емоција, повторно добиваат посебна магија. Токму тоа ѝ успеа на Антониа Гиговска на првата вечер од 41-то издание на „Макфест“, каде што приреди музички настап исполнет со носталгија, моќни интерпретации и искрени емоции.
