
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов излезе со став околу градежните стандарди, но и однесувањето на еколошките организации во државата, по последните невремиња што ја зафатија Македонија. Во објава на социјалните мрежи, Ангелов наведува дека природата врши „најобјективна, неселективна и сурова проверка“ дали при изградбата на објектите се почитувани законите и прописите.
„Оние градби кои не ги исполнуваат неопходните критериуми таа ги оштетува, корне или руши“, порачува Ангелов.
Директорот упати порака и до еколошките организации.
„Претставниците на еколошките организации пожелно е да олабават со јавниот притисок кога треба да се отстрани некое убаво, но нестабилно дрво, пред тоа да падне, да искрши некој автомобил или да убие некој човек. Сејфти фрст!“, напиша Ангелов.