„Македонија може да го гради „Чебрен“, но не може да го гради како што изминатите 35 години ги водела големите инфраструктурни проекти, затоа што овој проект може да се изгради само со капитал, знаење, документација, меѓународна доверба и строго управување со ризици. Тоа е суштината“, вели експертот за енергетска политика, Виктор Андонов по најавите дека со 1.5 милијарди евра, Владата планира да ја гради хидроцентралата „Чебрен“ и „Галиште“, стратешки проект најавуван десетици години.

Андонов потсетува дека последен лош пример е автопатот Кичево – Охрид: 60 километри, повеќе од 13 години незавршен и со значително зголемени трошоци.

„Ако такво нешто се случи со „Чебрен“, ризикот е огромен. Проект што денес се проценува на 1,5 милијарди евра, во лошо управувано сценарио може да стане проект од 3 милијарди евра“, вели, меѓу другото, експертот.

„Чебрен“ да не тргне по стапките на автопатот Кичево-Охрид: „Проект што денес се проценува на 1,5 милијарди евра, во лошо управувано сценарио може да стане проект од 3 милијарди“