Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, призна дека неговиот тим не одиграл на посакуваното ниво во ремито 1:1 против Мароко во првото коло од групата Ц на Светското првенство.Италијанскиот стратег оцени дека Бразил имал сериозни проблеми во првото полувреме, кога делувал неорганизирано и небалансирано на теренот.„Не игравме добро. Имавме неколку проблеми, тимот беше небалансиран, губевме многу топки и во тој сегмент мораме да бидеме подобри“, изјави Анчелоти.Мароко поведе во 21. минута преку Исмаел Саибари, кој реализираше по брз контранапад и асистенција од Брахим Дијаз. Бразил израмни во 32. минута кога Винисиус Жуниор со одличен удар погоди во горниот агол за 1:1.Во второто полувреме Бразил создаде повеќе шанси и имаше иницијатива, но не успеа да стигне до целосен пресврт.Анчелоти смета дека измените донеле подобрување во играта, но потенцираше дека неговите фудбалери тешко се снаоѓале против компактната одбрана на Мароко.„Не сум разочаран од резултатот, но не сум ниту задоволен“, рече селекторот на Бразил.Тој најави дека почетниот состав нема да остане ист во текот на целиот турнир и порача дека има доволно време за напредок.„Светско првенство не се освојува во првиот натпревар“, изјави Анчелоти.Во следното коло Бразил ќе игра против Хаити во обид да ја забележи првата победа на шампионатот.